дома Македонија (Видео) СДСМ ВО PACПАД: Високи функционери порачуват, се гледаме во некои подобри...

(Видео) СДСМ ВО PACПАД: Високи функционери порачуват, се гледаме во некои подобри времиња

Владеачката партија СДСМ е во распад, по низата ckандали околу аферата рекет и целосниот дебакл во Брисел со недобивањето на датум за преговори со Европската Унија. Членовите на СДСМ и со право се гневни на Зоран Заев и раководството со оглед на изневерените очекувања.

Сепак она што е многу важно е дека ова се случува само само два месеци пред формирањето на техничка Влада, и набрзо откако ќе бидат распишани предвремените парламентарни избори. Игор Трајчевски потпретседател на СДММ на својот Фејсбук профилт отворено порача дека се трга настрана и во брзо време нема да биде активен член на СДСМ.

-СДСМ „фала ти за се“. Ќе се сретнеме повторно, во некои подобри времиња, напиша Трајчевски на Фејсбук.

Трајчевски со години е дел од највисокото раководство на партијата, особено откако Зоран Заев е претседател на СДСМ. Тој покрај тоа што бил потпретседател на младинската организација на СДСМ бил член и на Централниот одбор како и извршниот одбор на партијата. Неговата матична Општинска организација е Ѓорче Петров каде со години е активен.

Од она што можеме да го дознаеме за него е дека тој бил многу активен за време на „шарената револуција“, каде на повеќе локации и во повеќе градови дури држел и говори.

Разочараноста кај членовите на СДСМ е голема, нема ниту правда, ниту живот, ниту пак датум за преговори со Европската Унија како што тоа го ветуваше Заев, во наредните месеци се очекува целосен колапс во раководството на партијата.