дома Социјални Мрежи (Видео) “Се извинyвaмe, cиcтeмoт нe e coвpшен”: Алгopитмитe нa тeхнoлoшкиoт гигaнт “Фejcбyк”...

(Видео) “Се извинyвaмe, cиcтeмoт нe e coвpшен”: Алгopитмитe нa тeхнoлoшкиoт гигaнт “Фejcбyк” ги пpeпoзнaлe цpнцитe кaкo пpимaти

Компанијата Фејсбук се извини откако нивните алгоритми погрешно препознале црнци на снимка како “примати”, што е најновиот во низата расистички гафови во системот на вештачка интелигенција која технолошките компании ја користат за автоматски да испраќаат препораки кај корисниците.

Корисниците кои неодамна гледале снимка од Дејли Меил на која се гледа расправија помеѓу црнци и белци, добиле прашање дали сакаат да продолжат да гледаат видеа за примати, пренесува Њујорк Тајмс.

Видеото може да го погледнете ТУКА.

“Ова очигледно е неприфатлива грешка и ги исклучивме препораките на таа тема штом погледнавме што се случи, за да можеме да ја испитаме причината и да спречиме вакво нешто повторно да се случи”, рекол портпаролот на Фејсбук, Дени Левер.

“Ние работевме на нашиот систем за вештачка интелигенција за кој знаеме дека не е совршен. Им се извинуваме на сите кои ги прочитаа овие навредливи препораки”, додаде тој.

Ова не е првпат технолошките компании да прават вакви грешки. Минатата година во Детроит поради грешка за препознавање на лице, двајца невини црнци биле уапсени, додека во 2015 софтверот на Гугл ги идентификуваше црнците како горили.