April 20, 2024, 11:36 am

(Видео) Се случува и романски 27 април: Големи пpoтести во Букурешт, народот влезе во кругот на Собранието

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Голем број луѓе протестираат на улиците на Букурешт поради ковид потврдите, а дел од демонстрантите успеаја да влезат во кругот на зградата на Собранието.

Специјализирани екипи на Жандармеријата преговараат со демонстрантите, а полицијата се обидува да ги убеди да ја напуштат областа.

Поддржувачите на Алијансата за единство на Романците (АУР) протестираат против зелениот сертификат и воведените епидемиолошки мерки.

Според претседателот на АУР, Џорџ Симион, ковид сертификатот е „неефикасен и неуставен“, а протестот е организиран за да се каже „не“ на мерките за кои веруваат дека не ги решаваат постоечките проблеми, објавија локалните медиуми.

-Во овој момент преку нашите тимови за дијалог ги повикуваме лицата да го напуштат просторот кошто им припаѓа на институциите. Досега не е применета сила, соопшти Генералната дирекција за Жандармеријата на Букурешт.

Демонстрантите кои влегоа во дворот на Парламентот се запреки на скалите и на влезните врати во зградата. После тоа се изнесени надвор од дворот на згрдата, а моментално ококу 15 лица останале на скалите.

Според информациите на романските власти, на протестот во текот на целиот ден биле присутни околу 2.000 луѓе, а јавниот собир не бил пријавен.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This