(Видео) Се урна вoeн авион среде град во Tексас

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најмалку две лица се повредени, а шест куќи се оштетени при пад на американски воен авион во градот Лејк Ворт, Тексас, соопштија локалните власти.
Според Ен -Би -Си, две или три лица биле префрлени во болница каде им била укажана помош по падот на авионот, според податоците на полицијата во Форт Ворт.
Едното лице е во критична состојба и е пренесено во болницата Паркленд во Далас, а другото е префрлено во болницата Форт Ворт Методисти Харис.
Очевидци за Ен -Би -Си 5 изјавиле дека виделе како пилотите се катапултираат од авионот, како и дека еден од нив е тешко повреден откако се заплеткал во далекуводот.

“Бев во автомобилот кога пилотот слета на далекуводот пред мене. Додека возев, слушнав силна експлозија, а разни делови го погодија автомобилот”, изјавила очевидецот Кера Кемп.
Во текстот не е наведено за каков тип на авион станува збор.
Полицијата ги предупреди граѓаните дека доколку најдат делови од урнатиот авион, не треба да ги допираат.

https://www.youtube.com/watch?v=bVQsjxqxW9I

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This