(Видео) Се cpуши станбена зграда во Рио де Жанеиро, има и зaгинати

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Станбена зграда во работничката населба во Рио де Жанеиро се сруши при што најмалку две лица загинале, што укажува на несигурната состојба на многу згради во делови од градот, за кои властите велат дека во нивната изградба учествувале криминалци.

Локалните жители за Ројтерс изјавиле дека слушнале силен шум и виделе пожар, што предизвикал паника во западната населба Рио дас Педрас.

Повеќе од 100 пожарникари и други вработени во јавната безбедност излегле на лице место.

Маж, жена и дете биле под урнатините, соопштија властите.

Според извор на јавната безбедност, кој побарал анонимност бидејќи не му било дозволено да зборува со медиумите, само жената преживеала.

„За жал, ги изгубивме другите двајца“, рекол изворот.

Рио дас Педрас е родно место на таканаречената „милиција“ во Рио де Жанеиро и е контролирана од организирани криминални групи. Иако првично се создадени за да ги бранат жителите од нарко бандите, милициите сега се на првата линија на криминалот.

Овие групи зајакнале во последните две децении, изведувајќи сè покомплексни, профитабилни и смртоносни рекети низ градот.

Меѓу нивните операции за правење пари, групите градат станбени згради без официјално одобрување или одобренија за градење и изнајмуваат згради, понекогаш со катастрофални последици.

Властите не ја одобриле зградата, што денеска се сруши, соопштиле извори вклучени во спасувањето.

Во соседниот кварт Итанханги во 2019 година се сруши зграда што исто така ја изградила милицијата, при што загинале две лица.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This