(Видео) Синот на вториот возач открива дека меѓу пpeживеаните има патник што не е на списокот од „Беса транс“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Репортерите на Бугарската национална телевизија го пронајдоа синот на вториот возач на автобусот, Кадрим Мемеди, кој во моментот на трагичната сообраќајна несреќа на автопатот „Струма“, како што тврди неговиот син, не возел, туку спиел во специјалната кабина за одмор на возачите, во средишниот дел на автобусот.

Бесар Мемеди за БНТ вели дека бил во Бугарија за да го препознае телото на неговиот татко, кое било пронајдено во кабината за спиење. Официјално, сè уште не е утврдено дали Мемеди управувал со автобусот.

Бесар за БНТ раскажува дека неговиот татко имал 54 години и над 20 години искуство како возач. Често патувал во Германија и Турција и ги знаел рутите.

Според него, автобусот бил стар 3 години и технички исправен, а „Беса транс“ има сервис и во Турција. Неговиот татко во Турција заминал во четвртокот, а во петокот веќе пристигнал и се слушнал со синот.

Бесар тврди дека во неговиот татко автобусот не дозволувал патници со опасен багаж – ниту со пиротехнички средства, ниту со гориво.

Од списокот на преживеани во несреќата, според Бесар, има еден со име Шади Науф ал Салех, кој не е на списокот за патници на „Беса транс“.

.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This