дома Македонија (Видео) СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: Заврши пазарот, почнува седницата за Законот за oбвинитeлcтвo

(Видео) СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: Заврши пазарот, почнува седницата за Законот за oбвинитeлcтвo

Во Собранието на Република Македонија започна 135. собраниска седница на која пратениците ќе расправаат за предлог-законот за Јавно обвинителство и Предлог-законот за Советот на јавни обвинители.

Пратениците во текот на денот беа повикани да дојдат во законодавниот дом, бидејќи според првичните информации седницата требаше да почне во 15 часот.

Двата закона вчера поминаа во Комисијата за европски прашања и во матичната Законодавно-правна комисија.