дома Македонија (видео) СОВЕТНИЦИТЕ НА ВМРО ОД ЃОРЧЕ НЕ ГО ДАВААТ ИМЕТО: 72 проценти...

(видео) СОВЕТНИЦИТЕ НА ВМРО ОД ЃОРЧЕ НЕ ГО ДАВААТ ИМЕТО: 72 проценти од граѓаните на општината беа против промената на името

Жecтoкa дебата настана во советот на општина Ѓорче Петров откако на дневниот ред на општината се најдоа измените на статутот, поточно промената на името на државата во која се наоѓа општината, од Република Македонија во Република ,,С” Македонија. Откако низата забелешки од страна на советниците на ВМРО-ДПМНЕ не беа прифатени, тие демонстративно ја напуштија седницата. Имено опозициските советници бараа да се отстрани оваа точка од дневниот ред, но тоа не беше прифатено.

– Нашиот координатор ви го кажа тоа што требаше да ви го каже. Тоест ние бараме да не го ставате ваквиот дневен ред на гласање, туку да го ставите неговиот предлог, а тоа е дека ние не се согласуваме со овој денешен дневен ред, каде што првите две точки зборуваат за нешто кое што вие како СДС велевте дека е во главата на вмровците. Еве денеска почитувани советници гледаме дека тоа е реалност. Не е тоа само во нашите глави. 72 проценти од граѓаните на Ѓорче Петров рекоа не на промената на името. 72 проценти од граѓаните рекоа дека Ѓорче Петров е општина во Релублика Македонија, а не во Република ,,С” Македонија, вели советничката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Андоновска.