дома Македонија (Видео) Соработник на 3aeв ги oбвини живи изгopeните дека не ја провериле...

(Видео) Соработник на 3aeв ги oбвини живи изгopeните дека не ја провериле лиценцата на Беса Транс

Владимир Пивоваров, националниот координатор за гранично управување во емисијата „25 минути“ на ТВ24 изјави дека и граѓаните, требало да ја проверат лиценцата на автобусот.Според него вината може да се гледа и во граѓаните кои требале да ја проверат лиценцата на автобусот.

Дали некој од граѓаните побара, праша дали ова возило со кое патуваат има интербус дозвола. Верувам дека не. Одговорност имаат и граѓаните, како што имаат и институциите, дополни Пивоваров. – вели Пивоваров.

На прашањето на новинарите дали смета дека треба да ги побараш сите документи од агенцијата, за што е се надлежни институциите, тој вели дека токолку тој е во таа ситуација ќе се заинтересирал која е таа агенција.

На прашањето кога влегува во такси возило дали прво бара да му покаже дали ги има сите потребни документи, Пивоваров одговара:

Тоа е нашиот менталитет. Јас кога влегувам во такси барам тоа да е лиценцирано такси баш поради мојата лична безбедност, истакна Пивоваров.

Повеќе на ТВ24 и во видеото на 25 Минути