дома Свет (Видео) СО ЏИП ВЛЕТАЛЕ НИЗ ИЗЛОГ: Надзорните камери снимиле филмска кражба на...

(Видео) СО ЏИП ВЛЕТАЛЕ НИЗ ИЗЛОГ: Надзорните камери снимиле филмска кражба на златара

Надзорните камери снимиле спектакуларен грабеж во златара во Лондон.

Бен Вегенер (34) со двајца соучесници прво со „Ленд ровер“ влетал низ прозорецот, а потоа со чекани ги разбивале витрините и земале тоа што стигнале.

Насекаде летале скршените стакла, а крадците само ги собирале часовниците и накитот.

Има сомнежи дека крадците однеле накит во вредност од 10-на илјади фунти.

Како што се наведува, Вегенер веќе бил во затвор 10 години поради неколку крволочни дела, а ниту овојпат не е толку далеку од тоа затоа што бил уапсен веднаш по грабежот.

На снимката може да се види и како неколку случајни минувачи ги бркаат крадците.

Сепак, двајцата соучесници сè уште се во бегство.

За среќа, во инцидентот немало повредени, а полицијата известила дека во истоимениот грабеж бил користен украден автомобил.