Долниот дом на шпанскиот Парламент го ратификуваше Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО со 279 гласа ЗА и 1 глас ПРОТИВ.
Воздржани биле 51 пратеник.
Шпанија е последната земја од членките на НАТО, која сѐ уште не го ратификувала Протоколот. Процесот таму се оддолжи поради изборите и формирањето на Владата. Протоколот кај нас беше ратификуван со одложено дејство, заради рaспуштањето на Собранието и предвремените парламентарни избори.
https://twitter.com/Congreso_Es/status/1232979996685348871