(Видео) Спектакуларен пречек:Шест српски ловци Миг29 го придружуваа авионот Меркел кога пристигна во Србија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Авионот на германската канцеларка Ангела Меркел, кој денеска пристигна во Србија, низ нашиот воздушен простор беше придружуван од шест ловци МиГ-29 на српските воздухопловни сили.
По слетувањето Ангела Меркел на пистата, пред почесната гарда, ја пречека претседателот Александар Вучиќ, кој и подари букет цвеќе.
Припадниците на српското МВР ќе бидат распоредени по целата траса по која ќе се движи Меркел, а два полициски хеликоптери ќе бидат на терен.
Околу 600 луѓе ќе бидат директно задолжени за непосредната безбедност на канцеларката.

Станува збор за повеќе од 50 припадници на Единицата за безбедност на објекти и лица, 100 припадници на жандармеријата, 400 припадници на белградската полиција, десет припадници на Специјалната антитерористичка единица и пилоти на хеликоптерската единица, пишува Новости.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This