(Видео) Според Заев, предвремените избори ја кочат екомонијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев во Гевгелија на пуштање во употреба на нова инвестиција, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека конечно треба да престанеме со предвремените избори кои ги стопираат ваквите производствени капацитети и севкупната македонска економија.

„Државата има јасен правец по кој се движи, европеизацијата продолжува. Сите тешки одлуки што се донесоа во минатото беа заради економскиот стандард на народот, заради отворање нови работни места, да ги мотивираме инвеститорите да вложуваат во нови инвестиции и да отвораат работни места. На тој начин, да ги зголемиме извозот, бруто домашниот продукт на државата, а со тоа и благосостојбата на целиот народ. Секое предвремено истрчување на избори, ги кочи ваквите процеси“, истакна премиерот Заев.

„Редовни избори треба да имаме во 2024 година“, потенцираше премиерот Заев во одговорот на прашањето дали се потребни предвремени избори.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This