дома Балкан (Видео) Спpeчен е голем тepopистички нaпад во Будимпeшта – ова се деталите

(Видео) Спpeчен е голем тepopистички нaпад во Будимпeшта – ова се деталите

Унгарската антитерористичка единица уапси човек осомничен дека планирал да постави експлозивна направа за време на еден од натпреварите на стадионот „Пушкаш арената“ во Будимпешта.

Шефот на антитерористичката единица, Јанош Хајду, за телевизијата АТВ изјави дека тие го следеле осомничениот повеќе од еден месец, при што тој разговарал за нападот и набавката на експлозиви со истомисленици преку Интернет.

Тој исто така изјави дека за време на истрагата за начинот на радикализирање на овој унгарски државјанин, тој положил заклетва пред Исламската држава и планирал напад.

Унгарските медиуми наведуваат дека уапсениот планирал да активира експлозив за време на натпревар во Будимпешта „Арената Пушкаш“ со капацитет од 70.000 гледачи.

Исто така, постоеше план за да влета со автомобил во толпа случајни минувачи, објави РТС.