дома Свет (Видео) Среде ноќ без да ги известат Авганистанците: Американците ја напуштија најголемата...

(Видео) Среде ноќ без да ги известат Авганистанците: Американците ја напуштија најголемата база во Авганистан

Американските трупи ја напуштија авганистанската воздушна база и аеродромот Баграм по скоро 20 години во превезот на ноќта без да го известат новиот командант на авганистанската база, кој открил за заминувањето на Американците повеќе од два часа по нивното повлекување, соопшти авганистанската армија.

„Слушнавме некои гласини дека Американците ја напуштиле базата Баграм и конечно во седум часот наутро сфативме дека е потврдено дека тие веќе ја напуштиле Баграм“, беше цитиран новиот командант на Баграм, генерал Мир Асадулах Кохистани пренесува АП.

Кохистани инсистираше на тоа дека авганистанските сили за безбедност и одбрана можат да ја зачуваат базата, и покрај низата победи на Талибанцитена бојното поле.

На аеродромот има и затвор со околу 5.000 затвореници, од кои многумина се наводно талибанци.

Портпарол на американската армија, полковник Сони Легет, изјави дека американските трупи го координирале нивното заминување со авганистанските лидери.

Авганистанската војска денес ја покажа внатрешноста на воздухопловната база Баграм, со што се обезбеди редок прв увид во тоа центарот на американската војна по нападот на Ал Каеда врз Америка на 11 септември .

САД минатиот петок објавија дека целосно ја испразниле својата најголема воздушна база во Авганистан пред конечното повлекување, за кое Пентагон тврди дека ќе биде завршено до крајот на август.

Видеото можете да го погледнете тука.