April 20, 2024, 10:16 am

(Видео) Српски јутубер ја шokиpaше јавноста: Жените се винoвни за злocтaвyвaњe и cилyвaњe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Српскиот Јутјубер Никола Јовановиќ, познат како Никса Зизу, ги шокирал гледачите со своите изјави за злоставување и силување во програма на телевизија „Хајп“.

Најпрвин во студиото рекол дека мажите првенствено гледаат на жените како сексуален објект, на што водителките Милица Вуклиш и Јована Андрејиќ се обиделе да му укажат на проблемот во неговите изјави.

„Не поддржувам насилство, но жени, мора да размислите малку со кој се гледате и зошто се гледате. Немојте да влегувате во автомобил со некој ако ве вика во 22 часот навечер, особено ако е повозрасен од вас, знаете што сака“, набројувал Јутјуберот.

Потоа водителката му рекла дека никој нема право сексуално да злоставува некого, дури и ако шета гол на улица, но Јутјуберот продолжил со неговите теории.

„Тоа што имате или немате право не значи дека не сте вие виновни. Ако налетате на таква некоја будала која е пијана или дрогирана, а вие полуголи шетате на улица, вие сте винови. Ваша вина е ако поминете таму, не е само тој виновен“, рекол тој.

„Тука нема не. Треба да знаеш дека си послаб пол. Испраќаш голи слики и доаѓаш кај него дома гола навечер, и ако му кажеш ‘не’, тоа е многу голем проблем, разбираш? Треба да знаеш што правиш и кај кого одиш, мора да знаеш дека си послаб пол“, инсистирал тој.

Потоа набројувал и дека жените не би требало да им се спротивставуваат на мажите, што се однесува до ставовите.

„Треба на мажот да му кажеш – да, за сè си во право“, набројувал тој, после што една од водителките го напуштила студиото.

„Ете, така треба, да се извиниш и да излезеш“, продолжил Јутјуберот.

Снимката од изјавите на Јутјуберот се проширија на социјалните мрежи и го згрозија регионот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This