(Видео) Стоилковски: СДСМ/ДУИ подготвени за рестрикции и ценовен шок за струјата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во рака држам владин документ којшто покажува дека состојбата со енергетската и финансиската криза е катастрофална и е далеку од справување и надминување на состојбите, ова денеска преку прес-конференција го истакна Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

-За разлика од лажните тонови за смирување од СДСМ/ДУИ, овој документ, наречен „План за мерки и активности за функционирање на МВР во услови на постоење на кризна состојба предизвикана од недостаток на електрична енергија“, стои дека цитирам: „Недостатокот од електрична енергија и порастот на цената на електрична енергија на пазарот, ќе предизвика реални безбедносни предизвици кои што може да рефлектираат и економски, социјални и безбедносни појави со негативни последици.“ Во документот се користат термини како „нов енергетски и економски шок“. Овој план со којшто е опфатен делокругот на полицијата и безбедноста во услови на енергетска криза и рестрикции, е документ од 16-ти ноември за функционирање, цитирам, „Во услови на енергетски колапс и рестрикции“. И документ веќе во сила којшто предвидува: – „Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика ЗАСИЛЕНО ЌЕ ГИ СЛЕДИ СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ заради откривање на лица кои поттикнуваат или повикуваат на нарушување на јавен ред и мир и вршење на други кривични дела“, вели Стоилковски.

Тој додава дека во безбедносната проценка на состојбата, меѓу другото се наведува дека во случај на енергетски колапс и рестрикции на струја се очекува пораст на криминалот, но и нарушување на јавниот ред и мир.

-Да сублимирам, со овој документ власта на СДСМ/ДУИ признава катастрофа во енергетската состојба, признава дека нема решение и дека се подготвува за најлошото – рестрикции и цена на струјата која што ќе предизвика нарушување на јавен ред и мир, дека се можни безбедносни предизвици, па се воведува документ за посебен режим на полицијата и следење на социјални мрежи и спречување на организирање на протести или други реакции за поскапувањето и рестрикциите на струјата. СДСМ/ДУИ ја колабираа македонската економија, граѓаните ги изложија на здравствен, економски и енергетски колапс, а овој документ тоа го докажува. Ова е нивно признание, вели Стоилковски.

Тој додава дека СДСМ/ДУИ се извор на оваа состојба, заради нивно незнаење, неработење и лукративност и не може СДСМ/ДУИ да бидат дел од решението на овие состојби. СДСМ/ДУИ го имаат изгубено легитимитетот за водење на државата. Што поскоро се организираат избори, што поскоро се смени власта тоа побрзо Македонија ќе почне процес на излегување од кризите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This