дома Актуелно (Видео) Стојкова Серафимовска: Со интегрирањето на предметите се кратат часови, опacнocта дека...

(Видео) Стојкова Серафимовска: Со интегрирањето на предметите се кратат часови, опacнocта дека ќе се изгyбaт работни места е голема

Велика Стојкова Серафимовска, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во денешното издание на Неделен брифинг со Сотир Костов на Инфомакс, зборувајќи за најавите за новата наставна програма и интеграцијата на предметите, посочи дека ваквата концепција ќе доведе до кратење на часови, а со тоа ќе се кратат и работни места и професори ќе ги губат работните места.

„Мила Царовска не убедува дека никој нема да го загуби работното место. Опасноста дека ќе се изгубат работни места е голема. Како ќе се интегрира? Еве јас доаѓам од областа на уметноста. Како ќе се интегрира музика и ликовно? Она вели, не нема да се кратат часови. Со само тоа што се интегрираат, веќе се кратат. Значи она што цел свет, сите педагози врвни велат дека уметноста е најубав начин на изразување, особено на деца, за развивање на когнитивни способности, за развивање на емпатија, на основни човекови цивилизациски вредности, Мила сега го намалува тој момент.“ истакна Стојкова Серафимовска.