(Видео) Стојкоски: Дивaтa дeпoниja вo Hoво Ceлo ќe cтaне зeлeн пpocтop зa cпopт и peкpeaциja

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Стоп за дивата депонија во Ново Село“ е еден од клучните проекти на кандидатот за градоначалник на Општина Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Стојкоски.

Тој гарантира дека со овој проект ќе се запре неконтролираното депонирање на отпад, ќе се обезбеди локацијата, а ќе се направи и анализа на степенот на загаденост на почвата и подземните води.

-На местото на дивата депонија во Ново Село со години наназад интензивно се депонира отпад од најразличен карактер. Можеби дел од тој е токсичен, но за жал Општината досега беше без слух. Како ваш иден градоначлник силно се обврзувам за решавање на овој горлив проблем. Имаме решение предвидено во нашата програма, а тоа е зазеленување на просторот, санација на постоечката депонија и збогатување на самиот простор со зони за спорт и рекреација, истакна Стојкоски.

Нагласува дека дивата депонија во Ново Село мора да замине во минатото и тоа ќе се случи токму преку овој проект што ќе претставува значајна победа за овие луѓе, победа која ќе донесе нов квалитет на нивниот живот! Заедно да создадеме подобра иднина!

Видеото може да го погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This