(Видео) Стapицата нacила ја влечеа низ дворот: Продолжува голгoтaтa за Бањоглави од Долни Балван, утринава на cилa ги ceлеа од сопствениот дом

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ова беше дел од сликата денеска во Долни Балван кај Ристе Бањоглав. Откако пред месец дена во нивнот дом пристигна полицијата со налог Ристе и неговото семејство да се иселат од сопствениот дом и имот, утринава во дворот на Бањоглав беа пристутни и полициски службеници, и извршителката, а беше започнато и со носење на нивните работи.

„Од сабајле се случува кордон од полиција, камион, извршители, децата ми спиеја, дојдоа полицијците и на сила на нелегализираните објекти сака да ме извршува и на легализираните. Од 643 илјади долг, милион и двесте и платив и го даде во доверение на доверителот“ – истакна Бањоглав.

Но, како што истакна Бањоглав, наместо решението да пристигне по пошта и тој и неговото семејство или да се иселат или да поденсат жалба до Апелација во рок од три дена, самата извршителка дошла со решението и започнала со носење на работите.

Бањоглав и неговото семејство цел живот рабoтeле и создавале да имаат топол дом, кров над глава и егзистенција. Друга алтернатива нема каде би заминале да живеат.

Одговор за целата ситуација побаравме и од извршителката која беше пристутна на местото на настанот, но таа отсечно одговри дека нема изјава за медиуми.

Видеото погледнете го тука

Извор: М-НЕТ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This