(Видео) СТPAШНO: Пpeплaшeн вoдитeл co воopyжeни тaлибaнци oкoлy нeгo читa вecти и пopaчyвa нa Авганиcтaнцитe дa нe ce плaшaт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шокантен момент беше емитуван на авганистанската телевизија на која водителот на вестите чита однапред напишан текст опкружен со вооружени Талибанци.

Снимката ја сподели телевизија откако милитантите упаднаа во зградата во неделата и побараа од водителот да им оддаде почит на Талибанците.

Новинарката на Би -Би -Си, Џалда Хаким, го објави видеото на својот Твитер, опишувајќи ја ситуацијата како надреална:

„Вака изгледа политичката дебата сега на авганистанската телевизија – талибанските војници гледаат водител кој зборува за колапсот на владата и вели дека авганистанскиот народ не треба да се плаши“.

Клипот од 42 секунди, кој е прегледан повеќе од милион пати откако е објавен, прикажува водител опкружен со осум вооружени мажи како го гледаат додека ја чита „веста“.

Според „WIO News“,водителот ги интервјуирал талибанците и им рекол на луѓето од Авганистан да соработуваат со Талибанците.

Видеото може да го погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This