дома Актуелно (Видео) Таравари: Ако со Македонија продолжи да владее Заев ќе си отидат...

(Видео) Таравари: Ако со Македонија продолжи да владее Заев ќе си отидат и оние кои останаа во државата

Генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, во денешното гостување во „Прашањето ми е следно“, на Инфомакс зборуваше извештајот на лондонскиот Економист, кој излезе со очајни бројки за индексот на корупција во Македонија кој е најлош во последните 15 години, со што Македонија е вброена во земјите со хибриден режим и е на рамниште со Сенегал и други земји кои се многу заостанати.

„Ние практично сме вброени во тие држави, иако практично слушаме секој ден од претставниците на Валадата дека се бориме против корупција, дека имаме слобода во медиуми, дека општеството оди напред, дека сме сите задоволни, меѓутоа овие се објективни индекси кои што се добиени по анализите од инститции кои што не се во Македонија туку се Меѓународно кредибилни институции коишто даваат вреднување на капацитетите на една држава во правец на добро работење или усппешно работење“, појасни Таравари.

Таравари додаде дека ако се разгледаат сите индекси ние сме со разочарувачки бројки, дури сме веќе најслаби и во регионот и во западниот Балкан.

„Ова треба да не разочарува, не нас како граѓани, колку што треба да ги разочарува самите властодршци односно партиите коишто се дел д владата бидејќи ако прдожиме вака уште одреден период не 500 000 граѓани, колку што се отидени, барем така има во анализата на Светска банка, за десет години се отидени 500 000 граѓани, ако продолжиме со овој индекс на перцепција на корупција, и со ваков начин на владеење, ја ви гарантиран дека следните пет години ќе ни отидат уште 500 000 граѓани, така да, веќе во Македонија можеме да кажеме дека не живеат повеќе од 1,5 милиони жители“, рече Таравари.