дома Актуелно (Видео) Таравари: Двојазичноста не промени ништо

(Видео) Таравари: Двојазичноста не промени ништо

Арбен Таравари, во денешното гостување во „Прашањето ми е следно“, се наврати и на Тиранската платформа поконкретно за двојазичноста која беше поставена како услов во истата за коалиција со македоснките партии. Таравари нагласи дека во однос на двојазничноста Тиранската платформа не сменила ништо.

„Ништо не се смени, искрени да бидеме, еве одете, и вие и јас што живееме во Македонија сме луѓе коишто сме живееле во Југославија. Сме биле граѓани во Југославија, и тогаш во Македонија службени јазици беа македонски, турски и албански, ја памтам. И ништо никој немаше спорно тогаш зошто е службен јазик, што ни пречеше, никој во Битола не бараше или во Струмица турски или албански“, рече Таравари.