дома Актуелно (Видео) Таравари: Има дил помеѓу Ахмети и Мијалков, сега тој му организира...

(Видео) Таравари: Има дил помеѓу Ахмети и Мијалков, сега тој му организира конрес на ВМРО

Генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, во денешното гостување во „Прашањето ми е следно“, зборуваше за т.н. бомба со Сашо Мијалков и Драган Павловиќ Латас, во која што е споменат Ахмети, и за најавите на Заев дека ќе го затвори Мијалков.
Таравари посочи дека е јасно дека после формирањето на Валдата 2017 година, господинот Ахмети успеа да бајпасира делот од ВМРО меѓу кој беше и Мијалков и групата околу Мијалков коишто денеска се јавуваат како фракција во ВМРО.

„Ја мислам дека господинот Ахмети успеа со Мијалков да ги земе осумте пратеници сигурно има некаов „дил“ меѓу нивда ништо не се казнуваат и стварно само поминуваат роковите на одредени предмети коишто имаше за одредена група околу Мијалков коишто сега организираат и конгрес на ВМРО, ако не се лажам, на 25ти март. Така да тоа е сценариод коешто и дете од три години ќе види дека што се случува, значи успеа комплетно режимскиот дел на ВМРО да се имплантира во СДСМ и продолжува да функционира, ви велам, истата шема која што функционираше во биномот СДСм о ДУИ, продолжува да функционира и во Владата на Заев со ДУИ“, рече Таравари додавајќи дека додека е Заев премиер тие ќе бидат сигурно заштитени и нема да им фали ни влакно од главата.