April 19, 2024, 11:21 am

(Видео) Тасева: Континуирано пaѓаме во индексот на kopyпцијата, владеењето на правото, слобода на медиумите, на човекови права

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Слаѓана Тасева, претседателката на здружението Транспаренси Интерншнл во Македонија во вечерашното гостување во емисијата Неделн брифинг на порталот Инфомакс, зборувајќи за индексот на корупција кој во 2015 година беше релативно низок, кога бевме на 63 место, на денес на рекордно 111, истакна дека ние низ годините постојано паѓаме надолу на сите параметри кои се анализираат при одредувањето на тој индекс на корупција.

„Зборуваме за целиот овој период дека се случува пад, ние имавме еднаш и пад од 25 места наеднаш. Значи она што се случува е дека системот за превенција и борба против корупција едноставно не функционира, како да не постои и тоа се покажало на сите истражувања. Ќе повторам дека индексот за перцепција на корупцијата е композитен индекс. Тој е составен од повеќе други истражувања коишто ги прават други реномирани истражувачки куќи (Галоп, Економски институт, Економист, Светска правда) и ние во сите тие показатели бележиме некакви индекси. И тие индекси се собираат на едно место и се делат и така се добива то индекс. Значи ние низ овие години паѓаме во владењето на правото, паѓаме во сигурноста на договорите кога станува збор за бизнисот, за економијата. Многу ќесто паѓаме во заштита на човекови права, слободата на меиумите. Сите вие аспекти се вреднуваат во овој индекс којшто ни покажува дека ние цело време одиме надолу во сите овие показатели, во сите овие истражувања. Значи проблемот во ова општество не е само корупцијата како феномен. Проблемот во ова општество е многу сеопфатен, се однесува на сѐ. На тоа зошто не функционира етичкиот кодекс во судовите или зоштто судиите носат такви одлуки, решение за притвор необразложено, асновано и објаснето само со членот од законот за кривична постапка.

Емисијата Неделен брифинг на со Сотир Костов и Слаѓана Тасева на Инфомакс можете да ја погледнете ТУКА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This