дома Занимливости (Видео) Татко конечно го најде својот син: Драматична средба по 36 години

(Видео) Татко конечно го најде својот син: Драматична средба по 36 години

Бројни турски медиуми, во последните неколку дена, освен катастрофалните пожари што ја зафатија земјата, го привлекоа вниманието со неверојатна приказна со среќен епилог.

По 36 години, Турчинот Осман Зереј конечно успеа да го најде својот син, кого последен пат го видел во Италија во 1985 година. Според Дејли Сабах, Зереј бил депортиран од Италија пред 36 години, а државата не му дала можност да го земе синот со себе.

Како што е наведено, Зереј отпатувал за Милано во 1979 година и таму запознал Италијанка, со која се оженил. Добилее син, но многу брзо потоа истекла работната дозвола на Зереј и била наредена негова депортација во Турција. Во тоа време, неговиот син имал две години.
Неговиот син Салваторе Наполи пораснал без татко во Италија, и кога станал свесен за целата приказна за „исчезнувањето“ на неговиот татко, одлучил да тргне во потрага по него.

Салваторе започнал да го бара својот татко по смртта на неговата мајка, но се што имал било фотографија и неговото име. Контактирал со многу пријатели преку социјалните мрежи, но и со луѓе од Турција, кои можеби го познаваат неговиот татко. Конечно, Наполи наишол на човек кој подоцна се покажало дека е син на Осман Зереј од друг брак. Се качил на авион за Турција среќен да се сретне со својот татко.

Таткото на Салваторе Наполи, Осман Зереј, наводно, живее во регионот на северот на Турција, поточно во градот Фатси. Кога Салваторе конечно пристигнал првата средба на татко и син по 36 години била полна со емоции.

– Пресреќен сум што се сретнавме по 36 години. Никогаш не се откажав да го барам, но немав успех. Никогаш повеќе нема да го оставам. Имам син и две ќерки, а сега ми се врати другиот син – рекол човекот.

Од друга страна, Салваторе Наполи по средбата рекол дека неговата мајка никогаш не му кажувала многу за неговиот татко.

– Единствено што знаев беше дека е Турчин. Мило ми е што го најдов после толку години. Морам да се вратам во Италија, но дефинитивно тука ќе се враќам почесто – додаде Наполи.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.