дома Занимливости (ВИДЕО) ТЕХНОЛОГИЈАТА ДОСТИГНУВА НОВИ ГPAHИЦИ: Во Мексико е иcпeчaтeнa цела населба со...

(ВИДЕО) ТЕХНОЛОГИЈАТА ДОСТИГНУВА НОВИ ГPAHИЦИ: Во Мексико е иcпeчaтeнa цела населба со помош на 3Д пeчaтaч

Употребата на 3Д печатачите во архитектурата во последно време значително напредува.

Уште еден од доказите колку технологијата во денешно време брзо напредува е веста дека во Мексико е изградена првата населба со помош на 3Д печатачи.

Идејата на проектот која ја покренала непрофитната организација „New story“ е дека се oбeзбeдувaaт пристапни станови за социјално зaгpoзнитe семејства.

Во населбата во гратчето Накајуки, во мексиканската област Табаско досега се населени две куќи. Предвидено е таму наскоро да бидат населени вкупно 50 семејства.

Употребата на 3Д печатачите во архитектурата напредува па новиот пристап кон изградбата е насочен кон таа технологија – новите генерации.

Инаку, семејствата кои се избрани да живеат таму се избрани од страна на локалната управа според месечните примања кои во просек изнесуваат 76 долари, пренесуваат од „N1“.

За својот нов дом тие сега ќе мора да плаќаат по 21 долар месечно, само во наредните седум години.