дома Свет (Видео) Тинејџер yби осум лица во САД

(Видео) Тинејџер yби осум лица во САД

Полицијата ја претресува зградата на Федекс во Индијанаполис и го претресе домот на осомничениот напаѓач барајќи мотив за последното масовно пукање кое ги потресе САД, во кое загинаа 8 лица.

Напаѓачот е идентификуван како 19-годишниот Брендон Скот Хол од Индијана, соопштија официјални лица за АП. Истражителите го претресувале домот на Хол во Индијанаполис при што се пронајдени докази, како што се компјутери и други електронски уреди, соопштија извори од полицијата без да прецизираат други детали.

Полицијата од Индијанаполис претходно соопшти дека се уште не е откриен мотивот на напаѓачот кој отвори оган од пушка во центар на Федекс во близина на аеродромот во Индијанаполис, во четвртокот доцна вечерта.

Според заменик шефот на полицијата Кред Мекарт, напаѓачот отворил оган врз луѓето на паркингот, а потоа влегол во зградата и продолжил да пука. Потоа внатре во зградата тој се самоубил.

Немало конфронтација со никој кој бил таму. Немало нарушување, никаква кавга. Тој само наеднаш почнал да пука, соопшти Мекарт.

Според него четворица се убиени пред зградата и уште четворица внатре. Неколку луѓе исто така се повредени, а петмина се згрижени во болница.