дома Занимливости (Видео) Тијана среде Драчево го распали ќумбето

(Видео) Тијана среде Драчево го распали ќумбето

Тијана Дапчевиќ (44) ужива во Драчево, од каде сподели видео со своите следбеници на Инстаграм каде прави ајвар со нејзиниот татко Велко Тодевски.

Поп-пејачката и нејзиниот татко ги воодушевија луѓето со начинот на комуникација, како и со бакнежот на Тијана со кој таа покажа нежност кон својот родител.

– И после велат ние пејачите дека се плашиме и не знаеме како да работиме – вели Тијана на почетокот на снимката.

– Не се плашиме од оган, сакаме да правиме ајвар – рече пејачката, по што го бакна својот татко.

„Ајварот е малку лут“, прокоментира нејзиниот татко.

– Па, малку лут … И треба да биде! Дали сме Македонци или што сме? – одговара Тијана.

Патем, не е познато кој има подобра маица – дали Тијана која носи со ликот на Владимир Путин, или нејзиниот татко кој има две кригли пиво на маичката со порака „Сакам пиво“.