(Видео) Ти си невepник!: Папата нападнат од свештеник при посетата на поглаварот на Грчката православна црква

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Папата Франциско во Атина се сретна со архиепископот Атински и цела Грција Јероним, а вербален инцидент се случи кога папата влезе во резиденцијата на поглаварот на Грчката православна црква.
„Папа, ти си еретик !“ трипати извикал свештеникот додека Фрањо доаѓал во резиденцијата, пренесува АП.
Свештеникот паднал на земја, по што полицијата го одвела, а, како што пренесува АП, се чинело дека поглаварот на Римокатоличката црква тоа не го ни забележал додека влегувал во резиденцијата на средба со грчкиот надбискуп.
Инцидентот уследи по малите протести на Кипар, кој папата претходно го посети, а чии жители Грци се исто така претежно православни, каде што папата повика на помирување на православните и католичките христијани.

Денешната официјална посета на Грција е прва посета на папа од 2001 година, кога папата Јован Павле Втори беше во Атина, кој тогаш се извини за гревовите што католиците ги направиле или пропуштиле за православните браќа низ вековите.

Папата Франциско денеска го повтори своето извинување пред Јероним и пред другите православни свештеници.
Двајцата црковни водачи денеска ги повикаа христијаните да работат заедно за да ја заштитат животната средина и да се грижат за мигрантите, а Јероним рече дека целосно ги споделува ставовите на папата за создавање силни врски за справување со овие глобални предизвици.
Папата Франциско денеска пристигна во Атина, како дел од турнејата низ медитеранските земји за време на која сака да укаже на страдањата на мигрантите и бегалците.
Грчкиот претседател Катерина Сакеларопулу го пречека папата Франциско во Атина на почетокот на неговата тридневна посета, пофалувајќи ја неговата работа и неговата длабока социјална чувствителност, објави Ројтерс.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This