дома Социјални Мрежи (видео) ТОКСИЧЕН ЧАД ОД ЖЕЛЕЗАРА: Граѓаните во паника

(видео) ТОКСИЧЕН ЧАД ОД ЖЕЛЕЗАРА: Граѓаните во паника

На социјалните мрежи врие откако се појавија голем број на снимки од дворот на Железара во кој се пали неидентификувана материја која исфрла портокалов чад. Од видеото објавено на социјалните мрежи се гледа како вработен во железара со полна заштитна опрема и гас маска пали непозната материја која исфрла токсичен портокалов чад. Граѓаните се загрижени бидејќи ова не се случува во  некоја од печките за чадот да може да помине низ филтрите на оџаците туку под отворено небо и апелираат до властите соодветно да реагираат.

-Еве ја Железара. Ова се прави. Ова е снимено во двор . Што нее јасно. Држава скапана па секој за пари, дали фирма дали сам може да труе без око да му трепне. Па цела недела кукаме И никој ништо, вели граѓанинот во описот на видеото.