дома Европа (Видео) Торнадо ја погоди Словачка

(Видео) Торнадо ја погоди Словачка

Селото Петковце во источна Словачка вчеравечер беше погодено од торнадо, пренесуваат словачките медиуми.

Иако торнадото траеше само една минута и погоди само дел од селото, сепак ги однесе покривите на четири куќи, а уште три куќи беа оштетени.

Делови од покривите што ги однесе торнадото беа пронајдени на 100-ина метри.

Пожарникарите веднаш пристигнале на местото на настанот и помогнале да се санира штетата.

Торнадото собори и неколку дрвја и столб за струја, а патот беше привремено непрооден.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.