дома Занимливости (Видео) ТРАДИЦИОНАЛНА ТРКА СО ПОЛЖАВИ: Најбрзиот доби и награда

(Видео) ТРАДИЦИОНАЛНА ТРКА СО ПОЛЖАВИ: Најбрзиот доби и награда

Традиционалното натпреварување во трка на полжави се одржа во Велика Британија.

Како и секоја година, почнувајќи од 1960, натпреварувачите брзаа милиметар по милиметар да стигнат од центарот до надворешниот круг.

Оваа година, победник во трката е полжавот Семи, кој за награда доби сребрен сад полн со зелена салата. Но, и покрај вложениот труд тој не го сруши рекордот постигнат пред 24 години.