дома Македонија (Видео) Трајановски: „Jaвнo пpeтпpиjaтиe co 12 вpaбoтeни нe фyнкциoниpa вeќe 2-3 гoдини,...

(Видео) Трајановски: „Jaвнo пpeтпpиjaтиe co 12 вpaбoтeни нe фyнкциoниpa вeќe 2-3 гoдини, a вpaбoтeнитe ceдaт и зeмaaт плaтa“

Во вчерашната емисија на Алфа телевизија, „Заспиј ако можеш“ гостуваше советникот од советот на Град Скопје Александар Трајановски, кој потенцираше дека Јавно претпријатие со 12 вработени не функционира веќе 2-3 години, додека вработените таму седат и земаат плата.

– „Се надевав дека градоначалникот Шилегов имаше искрена намера кога тргна во иницијативата да основа ново јавно претпријатие, гасоводни системи на Град Скопје, кое што требаше да ја застапува гасоводната мрежа, која што е дивоградба наводно, потоа била отуѓена, никој немал сопственост, и бег нели, е оној кој што подоцна се појавува, кој што инвестирал во топловодната инфраструктура и сега најверојатно стопанисува. Мислам дека е грешка во чекори што ние отворивме јавно претпријатие кое што работи веќе две ипол години – три, кое што има одреден број на вработени, но нема инструмент со кој што може да функционира.. и сега тие луѓе седат и земаат плата“. – истакна Трајановски.

– „Тоа претпријатие има директор, секретар, заменик-директор, и јас мислам дека тоа по автоматизам си повлекува бенефиции и тука нема збор. Последниот пат од она јас што го проверив како информација е дека ова јавно претпријатие вработува 12 лица“. – потенцираше Трајановски.

Видео линкот може да го погледнете ТУКА.