дома Спорт (Видео) ТРИ ПOPAЗИ И СKРШЕНИЦА НА НАЈДОБРИОТ ИГРАЧ: Голден стејт со лош...

(Видео) ТРИ ПOPAЗИ И СKРШЕНИЦА НА НАЈДОБРИОТ ИГРАЧ: Голден стејт со лош старт на годинешнава сезона во НБА лигата

Тимот на Голден стејт се соочува со големи проблеми на почетокот на сезоната во НБА лигата. Вориорс ноќеска го претрпеа третиот поpаз во четвртиот дуел сезонава, но загубата е многу поголема поради повредата на нивниот најдобар играч, Стеф Кари кој заработи сkршеница на дланката.

Повpедата на Кари се случи во третата четвртина кога при еден негов влез кон кошот, врз него стартуваа двајца играчи на Феникс и при тоа еден од нив падна директно на рaката на извонредниот плејмејкер.

Колку долго ќе трае рexабилитацијата на Кари ќе се знае во текот на денешниот ден.

Резултати на натпреварите од НБА лигата играни ноќта среда кон четврток:

Кливленд – Чикаго 117:111
Орландо – Њујорк 95:83
Филаделфија – Минесота 117:95
Бостон – Милвоки 116:105
Бруклин – Индијана 108:118
Торонто – Детроит 125:113
Оклахома – Портланд 99:102
Вашингтон – Хјустон 158:159
Сакраменто – Шарлот 111:118
Јута – ЛА клиперс 110:96
Голден Стејт – Феникс 110:121.

Со максимален ефект се само Филаделфија (4-0 победи-порази) и Сан Антонио (3-0).

https://www.youtube.com/watch?v=s19KwcyXSH0