дома Балкан (Видео) Тројца зaгинaти и 16 повpeдени: Се преврте туристички автобус во Анталија

(Видео) Тројца зaгинaти и 16 повpeдени: Се преврте туристички автобус во Анталија

Во турската провинција Анталија се преврте автобус што превезуваше руски туристи, пишува турскиот весник „Милијет“.

Во инцидентот во областа Сајд загинаа три лица, а 16 беа повредени.

Автобусот превезувал туристи од Манавгат до аеродромот во Анталија. Од непозната причина удрил во бетонска ограда и се превртел.

Повредените се пренесени во блиската болница.