(Видео) Тepopиcтички нaпaд во супермаркет во Нов Зеланд – 6 лицa ce paнeти, пoлициjaтa гo y6и нaпaѓaчoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Властите на Нов Зеланд денеска објавија дека убиле насилен екстремист што влегол во супермаркет во Окланд и со нож нападнал и повредил шест купувачи.

Премиерката Џасинда Ардерн го нарече инцидентот терористички напад. Таа рече дека напаѓачот е државјанин на Шри Ланка, инспириран од групата Исламска држава, кој дошол во Нов Зеланд во 2011 година.

Според неа, тој им бил добро познат на агенциите за национална безбедност и бил под постојан надзор. Таа рече дека, според законот, тој не можел да биде задржан во затвор.

„Она што се случи денес е гнасно, одвратно, лошо“, рече Ардерн.

Окланд е во строга блокада додека се бори против новиот бран на коронавирусот. Повеќето продавници и канцеларии се затворени, а на луѓето им е дозволено да ги напуштат своите домови само за да купат намирници, да одат на лекар или да вежбаат.

Видео снимено од набљудувач во супермаркетот го снимило звукот на брзо испукување десет куршуми еден по друг.

Видео може да погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This