дома Бизнис (Видео) УЖАС: Се сруши тобоган, повредени деца во Сутоморе

(Видео) УЖАС: Се сруши тобоган, повредени деца во Сутоморе

Силниот ветер кој вчера дувал во Сутоморе ја срушил конструкцијата на воден тобоган на плажата. Според очевидци, повредени се најмалку пет деца.


Видеото од несреќата е објавено од Подгорички времеплов.
-Децата имаа повреди на главите, рамењата, грбот, рацете, нозете… Брука! Тобоганот не беше врзан со сајли. Две деца беа на врвот на лизгалката и паднаа- вели авторот на видеото.

Набргу реагирал и татко чие дете било на лизгалката.
-Тобоганот е висок најмалку 10 метра, а ветерот го турна како да е пердув. Детето ми беше на врвот кога тоа се случи. Тукушто дојдов од доктор и уште сум под стрес- пишува таткото.