дома Свет (Видео) Улични вojни во САД: Се cyдpија привpзаниците на Трамп и членовите...

(Видео) Улични вojни во САД: Се cyдpија привpзаниците на Трамп и членовите на Антифa

Во Олимпија, главниот град на сојузната држава Вашингтон, дојде до судири меѓу приврзаниците на американскиот претседател Доналд Трамп и членовите на Антифа.

На социјалните мрежи се објавени снимки на кои се гледа како приврзаниците на Трамп ги тепаат членовите на Антифа, левичарска организација која беше присутна на многу протести во Америка во последните години.

Пријавено е и пукање, а снимките покажуваат дека некои од учесниците во конфликтот имале оружје во рацете.

Полицијата соопшти дека уапсило лице за кое се сомнева дека е за време на немирите пукало со огнено оружје за, пренесе РТ.

За време на конфликтот, група маскирани демонстранти фрлаа солзавец.

По интервенцијата на полицијата, ситуацијата се смири, а припадниците на безбедносните сили останаа на должност на улиците.