дома Свет (видео) УШТЕ ЕДЕН ГАФ НА ЈУНКЕР: Ја прекина прес-конференцијата да се чуе...

(видео) УШТЕ ЕДЕН ГАФ НА ЈУНКЕР: Ја прекина прес-конференцијата да се чуе со жена му

Претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер успеа повторно да се најде во центарот на вниманието, но не заради одреден политички став, туку поради најновиот гаф, за време на високи официјални средби.

Овојпат, претседателот на ЕК го прекина својот говор на прес-конференција, по самитот во египетскиот град Шарм ел Шеик. Причината беше комична. Јункер го запре обраќањето, поради телефонски повик. „Вообичаениот осомничен… жена ми“, изјави Јункер, откако се чу со сопругата.