дома Европа (Видео) Уaпceниoт белорускиот блогер призна дека учествувал во организирањето на немири во...

(Видео) Уaпceниoт белорускиот блогер призна дека учествувал во организирањето на немири во Белорусија

Белорускиот блогер Роман Протасевич, приведен вчера на аеродромот во Минск, го призна своето учество во организацијата на немирите во главниот град на Белорусија. Протасовиќ е основач на телеграмскиот канал „Следно“, кој во Белорусија се смета за екстремистички.

„Признавам учество во организација на масовни немири во Минск“, рече тој.

„Вчера полицијата ме уапси на аеродромот „Минск“. Сега сум во истражниот затвор во Минск. Можам да кажам дека немам проблеми со здравјето, срцето или кој било друг орган, а односот на полицијата кон мене е максимално исправен според законот“, рече Протасевич на видеото прикажано на ТВ Белорусија 1.