(Видео) Уpaгaнoт „Идa“ ce пpиближyвa кoн jyгoт нa CAД – вo тeк e мacoвнa eвaкyaциja

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ураганот Ида, што утрово се оддалечи од кубанскиот брег, се движи кон сојузната држава Луизијана, која треба да биде погодена кон крајот на неделата од „големиот и крајно опасен ураган“.

„Жителите на Луизијана имаат време до ноќта да се подготват за ураганот Ида“, препорача гувернерот на јужната држава, Џон Бел Едвардс, предупредувајќи на „тешки последици“.

Ветрови со јачина на тропските бури помеѓу 60 и 120 км / ч ќе дуваат вечерва во близина на брегот на Луизијана, предупреди Националната метеоролошка служба, повикувајќи ги жителите кои сакаат да се евакуираат да го сторат тоа „што е можно поскоро“.

Поголемиот дел од невремето денеска ја премина западна Куба, каде Ида ќе продолжи да носи врнежи, што може да предизвика поплави и лизгање на земјиштето, предупреди американскиот центар за урагани (НХЦ).

Видео може да погледнете ТУКА.

Утре, бреговите на Луизијана и соседната држава Мисисипи би можеле да бидат погодени од „поплави поради опасно силни плими“, предупредува центарот, со можно „катастрофално оштетување од ветерот“.

Најновите информации на NHC предвидуваат дека Ида, пред да стигне до копното, ќе достигне категорија 4 од 5, со ветрови посилни од 200 км / ч.

Џо Бајден вчера одобри вонредна состојба во Луизијана за да се обезбеди „федерална помош“, заедно со доброволна и задолжителна наредба за евакуација во некои области.

На брегот на Пацификот, бурата Нора, која преку ноќ се претвори во ураган, се очекува да го погоди копното во мексиканските држави Халиско и Најарит.

Се очекува Нора да се движи по мексиканскиот брег и на север со обилни дождови, што може да предизвикаат опасни поплави и лизгање на земјиште, предупредува NHC.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This