дома Европа ( Видео) ФАТЕНИ НА ДЕЛО: Украинските разузнавачи влегуваат во Донбас со униформи...

( Видео) ФАТЕНИ НА ДЕЛО: Украинските разузнавачи влегуваат во Донбас со униформи од ОБСЕ

Министерот за државна безбедност на ЛНР Леонид Пасечник изјави дека украинската разузнавачка служба влегува во Донбас со униформи и возила со ознаки ОБСЕ.

”Приметивме дека ознаките на возилата и униформите имаат совршени копии на набљудувачката мисија ОБСЕ и нивните брендирани униформи“-изјави Пасечник, пренесува ”Луганскинформцентр”.

Тој додава дека шефот на мисијата на ОБСЕ Александар Хуг е информиран за оваа состојба, и ветил дека ќе покрене постапка.

Пасечник воедно нагласи дека можеби позадината на користење на овие меѓународни ознаки на украинските разузнавачи е да предизвикаат инцидент од меѓународен карактер.