(Видео) Фејк њуз по нарачка на Заев: Потрчаа оние скапо платени пи-ар пера да ја искриват вистината за разговорот со Борисов

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Забележлива е нервозата кај премиерот во заминување господинот Заев, па потрчаа оние скапо платени пи-ар пера да ја искриват вистината и практично лажни вести да рефлектираат во македонската јавност, рече денеска претседателот на ВМРО-ДМПНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на прашањето за средбата со бугарскиот премиер Бојко Борисов и видеото во кое ти зборуваат за договорот кој Македонија го има потпишано со Бугарија.

Нашиот став е познат, тој е непроменет, многу пати повторен во минатото и како политичка партија, како ВМРО-ДПМНЕ, она што беше моја изјава којашто ја рефлектирав вчера беше дека ВМРО-ДПМНЕ и јас лично подржувам сè што е добро и за Македонија и за Бугарија, имавме контруктивна средба со господинот Борисов, разговаравме за изградба на автопатишта, железничка пруга, железничко поврзување помеѓу двете земји. Разговаравме за енергетско поврзување, продлабочување на научната соработка помеѓу универзитетите од двете држави, разговараме за побрзо интензивирање и отварање на граничниот прекин „Клепало“. И сето она коешто значи добро и за граѓаните на Македонија и за граѓаните на Бугарија, рече Мицкоски.

Мицкоски додаде дека истовремено на средбата станало збор и за онаа Резолуција којашто се однесува на негирање на посебноста на македонскиот јазик, ликот и делото на Гоце Делчев.

Тоа не е добро и тоа не можам да го подржам и никогаш нема да го подржам, македонскиот јазик е кодофициран и меѓународно признат 1977 година, тука немаме дилеми ниту пак јас, ниту пак ВМРО-ДПМНЕ. Така што она што е добро коешто ги поврзува македонските граѓани и граѓаните на Бугарија го подржуваме, она што е спротивно на интересите на македонските граѓани, Македонија ние не можеме да го подржиме, како што е прашањето поврзано со македонскиот јазик, ликот и делото на Гоце Делчев итн.

Но, забележлива е нервозата кај владата во заминување, кај премиерот во заминување господинот Заев, па потрчаа оние скапо платени пи-ар пера да ја искриват вистината и практично лажни вести да рефлектираат во македонската јавност: Она кое што е важно е дека и оваа лажна вест им се распрсна како меур од сапуница. Тие нека продолжат да измислуваат лажни вести, а ние ќе продолжиме да работиме, порача Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот на партијата Александар Николоски, членот на ИК и секретар за меѓународна соработка Влатко Ѓорчев, меѓународниот секретар Тимчо Муцунски и претседателката на комисијата за надворешни работи Христина Рунчева-Тасев присуствaa на дводневниот самит на Европската народна партија (ЕПП) кој се одржа во Загреб, Хрватска.

Покрај големиот број на билетерални средби, Мицкоски вчера имаше и свое обраќање пред европските лидери за време на самитот на ЕПП.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This