дома Европа (Видео) Филмски гpaбeж во Венеција, yaпceни осум членови на меѓународна бaндa

(Видео) Филмски гpaбeж во Венеција, yaпceни осум членови на меѓународна бaндa

Во координирана полициска акција низ Европа се уапсени осум лица денеска во врска со обид за драматичен грабеж на златарница во Венеција во 2017 година. Осомничените се уапсени во Австрија, Естонија и Финска и припаѓаат на банда од Естонија, специјализирана за грабеж на луксузни европски продавници за накит, јави АФП. Веста за апсењата е објавена денес, по долготрајната истрага координирана од Европол.

Полицијата соопштила дека членовите на бандата се одговорни за три слични грабежи, во Корзика и Австрија, во 2016 и 2017 година. Вредноста на украдениот плен се проценува на еден милион евра.

Меѓу уапсените е и водачот на бандата кој се криел во Финска. Италијанската агенција АГИ наведува дека тој е веќе осуден за разбојништво, но и за убиство.

Во март 2017 година, членовите на таа банда активирале димни бомби на плоштадот Свети Марко во Венеција, со цел да го привлечат вниманието на јавноста и полицијата пред упадот во златарницата.

Но, грабежот останал само обид бидејќи еден турист ја предупредил блиската полициска патрола, по што вооружените разбојници побегнале.

Снимките објавени од италијанската полиција покажуваат како осомничениот става димна бомба пред камбанаријата на плоштадот Свети Марко и ги испаничил туристите кои бегаат од местото на настанот откако почнало да се крева густ облак чад.

Друга димна бомба била поставена во блиската улица.