дома Хроника (ВИДЕО) ФИЛМСКО АПСЕЊЕ НА ПАРТИЗАНСКА

(ВИДЕО) ФИЛМСКО АПСЕЊЕ НА ПАРТИЗАНСКА

Во текот на вчерашниот ден станар во близина на млечниот ресторан “СИЛБО” успеал да сними филмско апсење на лице кое претходно учествувало во физичка пресметка и дивеело со автомобилот на булеварот Партизански Одреди.

Лицето откако забележало дека е следено од припадниците на МВР се обидел да се скрие во гужвата во млечниот ресторан, но истиот бил забележан, изнесен и приведен од страна на полицијата. На видеото се јасно се гледа дека лицето пружа отпор и се обидува да побегне, а според бројот на припадници на Полицијата очигледно дека на настанот му претходела потера по непознатото лице.