дома Социјални Мрежи (Видео) Фото од „мapица“: Специjaлците yaпcиja локaлeн лидep нa ВMPO-ДПMHE во Beвчани

(Видео) Фото од „мapица“: Специjaлците yaпcиja локaлeн лидep нa ВMPO-ДПMHE во Beвчани

Претседателот на локалниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Вевчани Ѓорѓи Влајкиноски е уапсен попладнево од полициските специјалци.

Влајкиноски објавува фотографии и видеа од апсењето од кои се гледа дека тој воопшто не ги провоцира полицајците.

Од видеото се гледа дека полицајците не ги интересираат другите учесници на настанот туку се насочени кон локалниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ во Вевчани иако тој не е ни маскиран.

“Денес бев апсен. За ништо, се разбира.
Нема страв, нема предавање.

Има полициска бруталност, ама ќе им помине.

Вевчанци, драги мои Вевчанци посебно Ви БЛАГОДАРАМ за ПРКОСОТ кон полициската бруталност.

Да живее Вевчани, да живе Македонија”, напиша Влајкиноски на Фејсбук.

Фотографиите и видеата на неговиот фејсбук профил.