(ВИДЕО) Функционери на СДСМ завршија во полиција откако од трибините го следеа мечот со Данска

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот Дарко Каевски, градоначалникот на Кисела Вода Филип Темелковски и директорите на скопската Зоолошка градина и на затворот во Шутка биле повикани во полициска станица, под сомневање дека ги прекршиле ковид-протоколите
Четворица функцинери на СДСМ попладнево даваа исказ во полиција, под сомневање дека ги прекршиле ковид-протоколите, откако синоќа од трибините на спортскиот центар „Борис Трајковски“ го следеа ракометниот меч Македонија – Данск, и покрај ограничувањето за присуство на публика.

Пратеникот на СДСМ Дарко Каевски, градоначалникот на Кисела Вода Филип Темелковски и директорите на скопската Зоолошка градина Ѓорѓи Галетановски и на затворот во Шутка Филип Андонов, градоначалникот на Кисела Вода Филип Темелковски и пратеникот Дарко Каевски денеска биле повикани во полиција, откако не само што биле забележани на трибините, туку и објавија фотографии на фејсбук.

Во изјави за „Телма“ по давањето исказ во полиција, функционерите на СДСМ посочуваат дека, како спортски работници, присуствувале на натпреварот по покана на Ракометната федерација.

„Секако дека, во ова тешко време, треба да се запазат протоколите и безбедноста. Јас сепак мислам дека нема ничија вина, бидејќи Федерацијата постапила како што треба и поканила гости, како што има право. Јас присуствував со покана како дел од менаџмент-тим, за кој имам и договор“, изјави Галетановски.

Според членот 206 од Кривичниот законик (Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија), тој што за време на епидемија не постапува според прописите или наредбите со кои се определуваат мерки за нејзиното сузбивање или спречување, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година. Ако делото од овој член го стори правно лице, ќе се казни со парична казна.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This