(Видео) Хоџа: ДУИ се подготвени да зaбијат нoж во грб на коалиционен партнер

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

И партијата да одлучи дека ова владеачко мнозинство треба да продолжи, јас како министер нема да бидам дел од тоа, е личниот став на првиот човек на Министерот за земјоделство, Арјанит Хоџа по одлуката на Државната изборна комисија (ДИК) да ја уважи жалбата на ДУИ и да се оди на прегласување за градоначалник на Желино каде по двата круга на локалбни избори победи кандидатот на Беса со само 69 гласа разлика во однос на ривалот од редовите на „интегративците“.

Колку сакаат нека кажуваат дека овој мој став е емотивен. Човек живее за принципи и јас не можам да се гледам со тие луѓе на маса како дел од владеачко мнозинство, кога се подготвени да забијат нож во грб на коалиционен партнер кој цела година, буквално со сите неправилности, сме стоеле само поради големата слика, порача Хоџа на прес-конференција од седиштето на Беса.

Тој ја обвини ДУИ за користење на стари криминални методи за да ја украде победата на Беса во Желино. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, пак, денеска истакна дека Беса врши притисок и оти не верува дека ќе излезе од Владата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This