дома Актуелно (Видео) Христов за ставот на масонската ложа за cпopoт меѓу Мaкедонија и...

(Видео) Христов за ставот на масонската ложа за cпopoт меѓу Мaкедонија и Бугарија

Христо Христов, маестро диригент при Филхармонијата во Варна, културен работник, Претседател на меѓународната фондација за соработка и културен натпревар „Гоце Делчев“, масон и внук на Гоце Делчев, во своето гостување во вечерашната емисија „Прашањето ми е следно“ со Александар Митовски зборувајќи за ставовите на масонската ложа за спорот помеѓу Македонија и Бугарија

„Тоа е политика, а ние имаме две работи во кои не се мешаме како масони, едната е политика, другата е религија. Тие се две работи каде нема да најдете ниту еден масон да ви каже нешто за религија или за политика. Тоа како масон, а како нормален граѓанин на некоја држава, тоа зависи од него. Но, масонеријата нема никаков став“, појасни Христов.

Во однос на неговиот личен став за македонски бугарскиот спор, Христов истакна дека жали што евроинтегративниот процес за Македонија се одвива со такво темпо и деа би сакал  Македонија да ја види како дел од европското семејство.

„За мене е голема жал, би требало работите да одат напред и да биде многу полесно, и побрзо да се оди напред. Но како што гледам, многу глупости се прават. За мене е најдобро кога луѓето живеат во една држава, Европската унија ја дава таа можност. Германија, далеку е, но бидејќи е дел од Европската унија, ние сме во една држава. Ние во европската унија сме како една држава и јас тоа го сакам и за Македонија. Не постои нормален човек кој би кажал државичка со два милиони да биде нешто друго. Тоа се решава бргу. Јас не знам зошто треба да си ги вадат очите воопшто. Кој има корист од оваа работа?“, изјави Христов.